понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 151
home Хроника

Кај дедо пронајдена голема количина на оружје, кај охриѓанец марихуана

Кај дедо пронајдена голема количина на оружје, кај охриѓанец марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.(70)  од с.Слатински Чифлик – Дебрца, и У.В.(37) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

На 15.05.2019 во с.Слатински Чифлик-Дебрца, во домот на првопријавениот, од полициски службеници при претрес биле пронајдени и одземени ловна пушка пумпарица „моссберг“ модел 500А  кал.12,  пиштол „црвена застава“ модел 70 кал.7,65 и  22 куршуми со различен калибар, за кои не поседувал дозвола.

Додека на 15.05.2019 во с.Лескоец, на ул.„Корабица“, во домот на второпријавениот, од полициски службеници при претрес била пронајдена и одземена марихуана.

Коронавирус