среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Каде заглави истрагата за насилството врз 14-месечното бебе?

Каде заглави истрагата за насилството врз 14-месечното бебе?

И по четири недели од бруталното тепање на 14 месечното бебе кое во многу тешка состојба заврши на скопските клиники, полицијата се уште не открила кој е насилникот. Од МВР велат дека се уште работат на случајот и по барање на Обвинителството истрагата ја прошириле со  проверка на ДНК од крвта пронајдена на зидовите во домот каде престојувала 20 годишната мајка со малото девојче, објавува Сител.

Постапено е по наредбата на обвинителство и извршени се побараните вештачења за утврдување битни факти во предметот, за ДНК и друг вид анализи на траги. Обвинителството го очекува пристигнувањето на Извештаите по што ќе следи нивна анализа, велат од обвинителството за Сител .

И додека надлежните ги бараат виновниците, 14 месешното бебе се уште е на Детска хирургија и според лекарите полека се опоравува. Почнало да реагира на околината а пред 5 дена  неврохирурзи направиле и операција на главата каде имало најмногу повреди. Се уште е неизвесно дали целосно ќе го изгуби видот или ќе може да гледа на едното око а детски хирурзи се сомневаат дека може да има последици и во говорот и движењето.

Малото девојче беше примено на Ургентен на 7-ми овој месец со скршеници на черепот, крварење во мозокот, фрактури на нозете, неухрането и дехидрирано. Од повредите беа шокирани и лекарите, кои по направените дијагностички процедури увиделе дека бебето речиси постојано било тепано и малтретирано.

Од Министерството за труд и социјала му одредија старател кој постојано оди на Детска хирургија, а по излегување од болница ќе биде сместено во згрижувачко семејство. Мајката, која излегла од Дом за деца без родители, е сместена во Шелтер центар.