понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Ја удрил со автомобил па избегал- девојката завршила во болница во Куманово, возачот пронајден

Ја удрил со автомобил па избегал- девојката завршила во болница во Куманово, возачот пронајден

Вчера околу 18.40 часот, на локалниот пат Куманово- с.Табановце, во близина на крстосницата со пат кој води кон с. Горно Којнаре, во Куманово, патничко возило „опел“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од с.Долно Којнаре, кумановско, удрило во пешакот Е.П.(26) од с.Горно Којнаре, после што возачот го напуштил местото на незгодата.

Е.П. била пренесена во Ургентен центар Куманово, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Возачот бил пронајден и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус