вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 110
home Хроника

Ја оштетил ЕВН Македонија: Тетовец крадел струја, а имал и неплатен долг

Ја оштетил ЕВН Македонија: Тетовец крадел струја, а имал и неплатен долг

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.(47) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“.

На 12.07.2021 од вработени електромонтери од Г2 КЕЦ Тетово, при вршење контрола во куќата на А.Ш., било констатирано дека пријавениот има поставено електрично броило, сопственост на ЕВН Македонија, а поради неисплатен долг кон ЕВН го исклучил дотокот на електрична енергија.

Од електромонтерите од ЕВН Тетово било констатирано дека тој самоволно извршил премостување на мерната опрема и на таков начин користел неограничена количина на електрична енергија, со што ја оштетил ЕВН Македонија.

Коронавирус