четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 33
home Хроника

Ја начекал поранешната свршеница среде улица и со влечење сакал да ја внесе во неговиот автомобил, па настанал хоророт

Ја начекал поранешната свршеница среде улица и со влечење сакал да ја внесе во неговиот автомобил, па настанал хоророт

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен жител на Форино, кој се товари дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 28 септември, во селото Добридол, при вршење семејно насилство, обвинетиот тешко телесно ја повредил поранешната вереница. Тој ја пречекал оштетената која се упатила кон својот дом, ја фатил за десната рака и запонал да ја влече за да ја внесе во неговиот автомобил. Жената паднала, по што обвинетиот започнал да ја удира со тупаници по лицето и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – нагмечувања, скршеници и потрес на мозок​

Коронавирус