понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Хроника

Ја фрлил кесата со кокаин, но падна во рацете на полицијата: Кривична за неговиот дилер од Охрид

Ја фрлил кесата со кокаин, но падна во рацете на полицијата: Кривична за неговиот дилер од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 26/27.07.2018 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед над Д.П. и Г.Д., двајцата од Охрид.

Притоа, Д.П. фрлил кеса со кокаин, а по преземени мерки било утврдено дека тој претходно купил кокаин и марихуана од пријавениот, кој им овозможил да конзумираат кокаин и марихуана.

Локални избори 2021