На 13.12.2018 година околу 09,30 часот полициски службеници на Секторот за внтрешни работи Тетово, го лишиле од слобода Е.Ш.(29) од Албанија кој претходно се обидел да изврши кражба во џамија во село Пирок, тетовско.
Е.Ш. се сомничи дека во текот на овој месец извршил уште две кражби во џамии во Тетово и село Равен, гостиварско, од кои одзел парични средства и други предмети. Е.Ш. задржан е во Полициската станица Тетово и со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.