сабота, 24. август 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Извршен увид на сообраќајката кај Драчево, реното преминало на спротивната лента

Извршен увид на сообраќајката кај Драчево, реното преминало на спротивната лента
Press 24

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот.

Од Обвинителство информираат дека според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил „рено 5“ со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени.

Како што стои во соопштението надлежниот јавен обвинител издал Наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.