петок, 18. септември 2020. Вести денес: 147
home Хроника

Извршен увид на местото каде загина работник во Кривогаштани

Извршен увид на местото каде загина работник во Кривогаштани

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника од МВР – ОВР Прилеп и во присуство на државен инспектор за заштита при работа, изврши увид во селото Бела Црква – општина Кривогаштани, каде утрово, при поставување на канализациона мрежа во ископ, еден работник го загуби животот, информираат од Јавно обвинителство.

– Работникот, на возраст од 63 години, бил ангажиран за вршење на работи од правно лице од с.Велешта-Струга. Тој бил затрупан од одрон на поголемо количество земја и починал на лице место, соопштија од обвинителство.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција на телото на починатиот. (МИА)

Коронавирус