четврток, 4. март 2021. Вести денес: 81
home Хроника

Извадил пиштол и го вперил во момчето на неговата сестра – приведен 37 годишник од Требош

Извадил пиштол и го вперил во момчето на неговата сестра – приведен 37 годишник од Требош

Во полициска станица за расчистување на инцидент во кое било користено и оружје вчера завршил 37 годишник од тетовски Требош. Тој во текот на вчерашниот ден извадил пиштол и го вперил кон жител на Тетово кој бил во врска со неговата сестра.

– Околу 18 часот и 10 минути, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Г.С.(37) од тетовски Требош. Десетина минути пред тоа од тетовецот П.М.(25) бил пријавен дека од возило„мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, во кое Г.С. се превезувал со неговата сестра и со која бил во љубовна врска, извадил и му вперил пиштол, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус