недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 50
home Хроника

Изречени 43 казни за непрописно престигнување во Тетово

Изречени 43 казни за непрописно престигнување во Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово вчера спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување, при што се санкционирани 43 возачи, соопшти МВР.

– Од нив 26 прекршоци се направени на територија на Полициска станица Тетово, а 17 на територија на Полициска станица Гостивар. Санкционирани се и 29 други видови на прекршоци, информираат од МВР и додават дека зајакнатите акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Воедно, од МВР апелират до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ЕУРО 2020

Македонија