четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 86
home Хроника

Изречена пресудата за тепачите од Штип: Еве колкави казни добија двајцата насилници

Изречена пресудата за тепачите од Штип: Еве колкави казни добија двајцата насилници

Двајцата насилници од Штип кои што брутално натепаа девојка, денеска од страна на судот им изречена казна затвор од две години и шест месеци.

Пресудата е изречена од штипската судијка Јулијана Неткова, откако двајцата насилници ја признаа вината и каење на претходното рочиште.

Немилиот настан се случил во јануари а видео снимката од која што се вознемири јавноста на социјалните мрежи се појави на почетокот од месецот.

Тие беа гонети за кривично дело „насилство“, а казната за ваквите дела е од шест месеци до пет години затвор.

Девојката беше натепана во влез на зграда во Штип. МВР веднаш ги идентификуваше насилниците, пошто истите веднаш беа приведени.

Двајцата осудени штипјани сега имаат право на жалба до повисокиот суд.

ЕУРО 2020

Македонија