четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 50
home Хроника

ИЗМАМА КАКО НА ФИЛМ: Скопјанка му дала околу 50 илјади евра на роднина да го излекува нејзниот 21 годишен син од дрога, потоа настанал хаосот

ИЗМАМА КАКО НА ФИЛМ: Скопјанка му дала околу 50 илјади евра на роднина да го излекува нејзниот 21 годишен син од дрога, потоа настанал хаосот

На 17.09.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, 48-годишна жена од Канада, со престој во Скопје, пријавила дека во периодот од јуни до август оваа година била измамена за сума од околу 50.000 евра од страна на нејзин роднина Љ.Н. од Скопје.

Според пријавеното, откако нејзиниот 21-годишен син дошол во Скопје, мајката на пријавителката во јуни забележала чудно однесување кај него и го споделила проблемот со нивниот роднина Љ.Н., кој укажал дека нејзиниот внук најверојатно има проблем со дрога и се понудил да помогне со негово лекување со одредена скапа терапија.

Како што е пријавено, пријавителката се согласила и во повеќе наврати му дала на Љ.Н. околу 50.000 евра, но кон крајот на јули и таа дошла во Скопје и се посомневала во терапијата што ја примал нејзиниот син, по што пријавила во полиција. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Локални избори 2021