четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Хроника

Излетале со „БМВ“ од автопат, повредени пет млади лица

Излетале со „БМВ“ од автопат, повредени пет млади лица

Пет лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера на автопатот Миладиновци – Штип, во близина на надвозникот за с.Криви Дол околу 7:30 часот.

Од полицијата информираат дека автомобил „БМВ 320“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.И.(22) од Скопје излетал од коловозот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот и уште тројца сопатници А.Б.(21), С.А.(24) и З.Е.(22), сите од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

Коронавирус