вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 163
home Хроника

Излетала од автопатот Тетово-Скопје, жена заврши во болница

Излетала од автопатот Тетово-Скопје, жена заврши во болница

Жена возач е повредена во сообраќајна несреќа која утринава околу 9 часот се случила на автопатот Тетово-Скопје, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

-Во непосредна близина на Добарски натпатник, патничко моторно возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Б.В. од Скопје, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски столб, вели Јосифоски.

Возачот на возилото Б.В. пренесена е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на излетувањето увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.