петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 134
home Хроника

Излета возило на автопатот Скопје – Штип, три лица се повредени

Излета возило на автопатот Скопје – Штип, три лица се повредени

Вчера во 17.00 часот било пријавено дека на сервисна улица која регионалниот пат Скопје-Св.Николе го поврзува со автопатот Скопје-Штип патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(66) од Штип излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.А., а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.С.(71) и Ц.С.(70) од Штип, кои се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Локални избори 2021