недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Хроника

Излегол од возилото, па тоа почнало да се движи, се обидел да влезе, но не успеал- „Хјундаи Аксент“ си го прегази сопственикот

Излегол од возилото, па тоа почнало да се движи, се обидел да влезе, но не успеал- „Хјундаи Аксент“ си го прегази сопственикот

На 16.08.2019  во 14,15 часот било пријавено дека во Охрид, на локалниот пат кон место викано Чекоштина, кај крстосницата која води кон „Сончева порта“ и локален неасфалтиран пат за с.Орман, Л.В.(59) од Охрид, го паркирал возилото ,,Хјундаи Аксент“ со охридски регистарски ознаки и излегол од него.

Бидејќи возилото не било обезбедено, почнало да се придвижува наназад, по што Л.В. се обидел да влезе во него, но не успеал, а возилото продолжило да се движи прегазувајќи го.

Л.В. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.