четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Изгубил контрола врз мопедот и паднал на коловоз, тешко повреден маж од Зајас

Изгубил контрола врз мопедот и паднал на коловоз, тешко повреден маж од Зајас

Вчера во 7:30 часот било пријавено дека на локалниот пат кај кичевското село Црвивци мопед „јонвеи“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.А.(43) од кичевското село Зајас, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.