сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 30
home Хроника

Изгубил контрола и излетал од патот- маж итно однесен на Ургентен

Изгубил контрола и излетал од патот- маж итно однесен на Ургентен

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако доживеал сообраќајна несреќа, информира МВР. Вчера во 14:00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на влез за село Бокојчани, 42-годишниот С.С. од село Србица, кичевско, управувајќи патничко возило „Опел Омега“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Кичево, од каде бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.