понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 40
home Хроника

Изгореа два автомобили во Скопје

Изгореа два автомобили во Скопје

На 22.05.2019 година во 02:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ловќенска“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „Сеат Леон“, сопственост на „Порше Лизинг“.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „Пежо Партнер“, сопственост на „Ник Авто“.

Во 03:15 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.