понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 129
home Хроника

ИЗГОРЕА ЧЕТИРИ АВТОМОБИЛИ ВО СКОПЈЕ: Меѓу изгорените автомобили и „Ауди А4“, „Киа делта“ и „Пежо партнер“ (ФОТО)

ИЗГОРЕА ЧЕТИРИ АВТОМОБИЛИ ВО СКОПЈЕ: Меѓу изгорените автомобили и „Ауди А4“, „Киа делта“ и „Пежо партнер“ (ФОТО)

На 08.02.2021 во 00.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје настанал пожар во возило, по што пожарот се проширил и на соседните возила.

Од пожарот биле опожарени патничко моторно возило “киа делта“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Б.(49); патничко моторно возило “ауди А4“ со скопски регистарски ознаки сопственост на правно лице; патничко моторно возило “форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.В. и патничко моторно возило “пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки сопственост на правно лице.

Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа. Извршен е увид на местото на настанот.

ЕУРО 2020

Македонија