среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 13
home Хроника

Изгоре семејна куќа во тетовско- на пожарникарите им требале 2 часа да го изгаснат пожарот

Изгоре семејна куќа во тетовско- на пожарникарите им требале 2 часа да го изгаснат пожарот

Нема повредени во пожарот во кој изгоре семејна куќа во тетовското село Челопек, општина Брвеница. Куќата од педесетина квадрати на еден кат започнала да гори околу 11 часот и 20 минути, по што биле повикани тетовските пожарникари.

-Два часа ни требаше за да се локализира и целосно да биде изгаснат пожарот. Спречено е огнот да се прошири на другите блиски објекти и куќи. Семејството навремено се евакуирало и нема повредени, но има огромна материјална штета, изјави командирот на територијалната противпожарната единица Ука Алити.

Тетовската противпожарна единица интервенирала со три возила и седум пожарникари.

Коронавирус