недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 85
home Хроника

Изгоре камион кај Неготино

Изгоре камион кај Неготино

– Изгоре камион утрово кај Неготино, за МИА потврди Иле Илиев, командир на неготинската Тероторијална противпожарна единица. Пожарникарите со две противпожарни возила најбрзо што можат интервенирале на лице место.

– Дополнителна несреќна околност беше што камионот, со македонски регистарски ознаки, бил полн со хартија. Тоа допринело огнот кој првично се јавил кај моторот, уште повеќе да се разгори, појасни Илиев.

Причинета е материјална штета, а дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија