петок, 14. мај 2021. Вести денес: 102
home Хроника

Изгаснат пожар во близина на манастирот во Матејче

Изгаснат пожар во близина на манастирот во Матејче

Пожар избувнал во близина на манастирот во Матејче, но целосно е изгаснат, соопштија денеска од РЦУК Куманово. Пожарот избувнал во 15:40 часот и зафатил сува трева на поголема површина под манастирот во Матејче. Противпожарната единица делувала со едно возило и четворица пожарникари, а во гасењето им помагале и двајца вработени шумари од подрачната единица на „Македонски шуми.

– Пожарот е локализиран околу 18 часот, во тој период почнало да врне дожд и екипите се повлекоа од терен. ТППЕ се вратила во својата единица во 18:15 часот. Од одговорното лице од шумско стопанство известени сме дека нивните вработени што учествуваа во гасење на пожарот, во раните утрински часови повторно ќе направат контрола на истата локација на опожарената површина. Во случај на повторно активирање на пожарот соодветно ќе се делува, наведуваат од РЦУК Куманово.

Вчера, пожарникарите интервенирале и на опожарена сува трева во село Тромеѓа со едно противпожарно возило и тројца пожарникари од 19:35 до 21:15 часот, причината за настанување на пожарот е непозната.

Коронавирус