сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 91
home Хроника

Избегал со автомобилот откако удрил во дете велосипедист

Избегал со автомобилот откако удрил во дете велосипедист
илустрација

На регионалниот пат Тетово-Волковија, во тетовска Брвеница, вчера околу 16 часот и 50 минути, патничко возило „Сеат леон“ со непознати регистарски ознаки удрило во 13-годишен малолетник од ова село, кој управувал велосипед, по што го напуштило местото, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Повредениот велосипедист бил пренесен во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.