четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Истрели во близина на ресторан во Гостивар

Истрели во близина на ресторан во Гостивар

Истрели од огнено оружје вчера околу 23 часот се слушале во близина на ресторанот „Албис“ во Гостивар.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што покрај паркирано возило „Сеат Ибица“ со австриска национална ознака забележале повеќе чаури, а во внатрешноста на возилото забележале кутија од муниција за сигнално оружје.

-Идентификувано е лицето кое го управувало возилото, се работи за Г.Н.(25) од Австрија, и при проверка во системот на МВР утврдено е дека истиот добил отпуст од македонско државјанство, а моментално бил со привремен престој во Република Македонија. На подот во возилото, кај предното седиште пронајден е сигнален пиштол „Валтер Р88 компакт“, информираат од МВР.

Со потврда за привремено одземени предмети сигналниот пиштол е одземен од Г.Н., а против истиот ќе биде поднесна соодветна пријава.

Коронавирус