недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 14
home Хроника

Истрага за недозволено поседување марихуана во Скопје

Истрага за недозволено поседување марихуана во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен скопјанец кој е осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 12 ноември во својот дом на улица „Михаил Чаков“, неовластено заради продажба држел 27,65 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во 79 помали полиетиленски пакувања. Дрогата била пронајдена при претрес на неговиот дом.

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, ценејќи дека осомниченото лице би можело да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​

Коронавирус