понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 26
home Хроника

Истрага за косовски државјанин кој се обидел да внесе кокаин во затворот Идризово

Истрага за косовски државјанин кој се обидел да внесе кокаин во затворот Идризово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 31 јануари, во просториите на Казнено-поправната установа “Идризово” во Скопје, при редовна посета на осудено лице, неовластено заради пренесување држел наркотична дрога – кокаин со нето маса од 89,96 грама.

При влезот во установата, осомничениот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога – кокаин.

Надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.​

Коронавирус