среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 96
home Хроника

Истрага против скопјанец кој криел марихуана во дворот на сосетката

Истрага против скопјанец кој криел марихуана во дворот на сосетката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 27 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 1.512,2 грама. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со транспарентна фолија, а осомничениот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана, информираат од ОЈО

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор.