четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Хроника

Истрага против кичевец кај кого беше пронајден кокаин

Истрага против кичевец кај кого беше пронајден кокаин

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен жител на градот, осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни суптанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 15 мај, во домот на осомничениот на улицата „Буковиќ“ во Кичево, биле пронајдени 379,4 грама наркотична дрога – кокаин.

Оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Коронавирус