сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 113
home Хроника

Истепал полицаец среде гостиварската полиција и побегнал, па заработил кривична пријава

Истепал полицаец среде гостиварската полиција и побегнал, па заработил кривична пријава

Надворешната канцеларија Гостивар поднесе кривична пријава против М.Ш.(35) од село Добридол-гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „бегство на лице лишено од слобода”.

На 30.11.2017 година околу 20,20 часот во Гостивар во полициската станица во просторијата на сменоводителот, пријавениот кој претходно, од страна на полициски службеници, бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело, физички го нападнал полициски службеник, по што побегнал.

Во 22,30 часот, по преземени мерки од страна на полициски службеници, пријавениот бил пронајден и предаден во Полициска станица за понатамошна постапка.

Коронавирус