сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 61
home Хроника

Истепал 20 годишно девојче, а потоа се пресметал со две други лица – драмата се случувала среде ноќ, еве ги деталите

Истепал 20 годишно девојче, а потоа се пресметал со две други лица – драмата се случувала среде ноќ, еве ги деталите

Дваесетгодишна демиркапијка пријавила во полиција дека тајно утрово била физички нападната од триесетгодишник, кој потоа учествувал во тепачка со други двајца. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Денес во Полициската станица Неготино Р.П.(20) од Демир Капија пријавила дека околу 02.00 часот, на место викано „Дошница“, била физички нападната од Д.П.(30), а по кратко време на истото место настанала и физичка пресметка помеѓу него и С.Д.(24) и О.Б.(21), од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Додевски.

Коронавирус