четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 52
home Хроника

Испукани 90 куршуми во „Голфот“на убиениот во Бутел

Испукани 90 куршуми во „Голфот“на убиениот во Бутел

Едно лице е убиено, а едно тешко повредено во вчерашните пукотници во скопски Бутел.

Како што јавуваат дел од медиумите убиениот е 42 годишниот скопјанец Камер Идризи, а тешко повреден е негов роднина.

Голем број полициски екипи вршеа увид на местото на убиството кое се случи во близина на таканаречените социјални згради на булеварот „Босна и Херцеговина“

24 Инфо, пишува дека зад воланот на „голфот“ бил внукот на Идризи кои биле паркирани во близина на еден ресторан. Тогаш во нив било пукано од црн џип од кој пукале најмалку двајца. Убијците биле со „калашникови“ и испукале голем број на куршуми. Неофицијално, според порталот, биле испукани околу 90 куршуми, а полицијата на местото пронашла две испразнети рамки од автоматски пушки.

Како што информираат од МВР, синоќа околу 22:00 часот било пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило ,,голф”, во кое имало две лица, кои биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.

Од страна на лекар кај едното лице била констатирана смрт. Повеќе детали се најавуваат за денеска.

ЕУРО 2020

Македонија