петок, 29. јули 2022. Вести денес: 89
home Хроника

Испаднала од возило: Повредена пациентка од Психијатриска болница Демир Хисар

Испаднала од возило: Повредена пациентка од Психијатриска болница Демир Хисар

На 21.06.2022  во 00:05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патен правец Демир Хисар – Битола, во близина на крстосница за с.Кутретино, 43-годишна пациентка на ЈЗУ  Психијатриска болница Демир Хисар испаднала од патничко моторно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на болницата.

Возилото го управувал И.Д.(34) од Демир Хисар, а сопатник била медицинска сестра во установата.

Притоа, пациентката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.

Коронавирус