недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Хроника

Искршени вратите на објектот на Инфоцентарот на ЕУ

Искршени вратите на објектот на Инфоцентарот на ЕУ

Во СВР Скопје ноќеска во 04:20 часот било пријавено дека на булевар „Кирил и Методиј“, Д.А.(22) од Скопје со употреба на физичка сила извршил оштетување на две стаклени врати на објектот во кој што е сместен Инфоцентарот на Европска Унија.

Од МВР информираат дека тој бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус