недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 71
home Хроника

Ископувале песок во близина на скопското село Огњанци и пронашле оружје

Ископувале песок во близина на скопското село Огњанци и пронашле оружје

Во текот на вчерашниот ден во 11.08 часот во Единицата за информирање и команда било пријавено дека при ископ на песок, во сепарација  во близина на с.Огњанци-Скопје, пронајдена е ловна пушка, информираат од МВР.

По пристигнување на полициски службеници од Полициско одделение  Петровец, било констатирано дека се работи за стара ловна пушка, која во голема мера е оштетена и заради тоа не може да се утврди серискиот број.

Известени се инспектори од ОНТ – оружје и увидна екипа  кои ќе ја подигнат пушката на местото на настанот за превземање на понатамошна постапка.

Коронавирус