петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Искасани граѓани од кучиња скитници- секојдневна слика во Скопје: Повредени малолетник и 19-годишна девојка

Искасани граѓани од кучиња скитници- секојдневна слика во Скопје: Повредени малолетник и 19-годишна девојка

Уште двајца скопјани се искасани од кучиња скитници.

Вчера во 18,30 часот во Полициската станица Кисела Вода М.С. (39) од Скопје пријавил дека на улицата „Христо Татарчев“ неговиот 12-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Вчера во 15,55 часот во Полициската станица Аеродром А.М. (19) од Скопје, пријавила дека на булеварот „Трета Македонска бригада“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје стана преплавено со кучиња скитници, а граѓаните се преплашени. Искасани граѓани се секојдневна слика во главниот град во државава.

Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници, а градскиот татко Петре Шилегов се уште нема решение за ова.