понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 16
home Хроника

Исчезнатиот чичко Пепи, пронајден мртов во водите на Лепенец?

Исчезнатиот чичко Пепи, пронајден мртов во водите на Лепенец?

Исчезнатиот чичко Пепи од Скопје по кого се трагаше речиси две недели, пронајден е мртов во водите на реката Лепенец близу село Бардовци- Скопје, дознава „Слободен печат“. Како што информираат од порталот, неофицијално, негов близок роднина го препознал по облеката во која бил облечен.

Од МВР засега само потврдуваат дека е пронајдено машко тело во фаза на распаѓање во канал за наводнување на нивите во правец кон реката Лепенец, а информации за индентитетот и причините на смртта ќе има по завршување на обдукцијата.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, Јавен обвинител, лекар од Итна медицинска помош и лекар од судска медицина. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Коронавирус