Во полициско одделение Петровец вчера во 21:30 часот И.Т.(39) од село Кадино пријавил дека истиот ден околу 12:45 часот од домот се оддалечил неговиот татко М.Т.(61).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Неговата снаа пак, вчера на социјалните мрежи објави фотографија и апел доколку некој го види да ја контактира.