сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 32
home Хроника

Исчезна малолетник од установа за згрижување на деца

Исчезна малолетник од установа за згрижување на деца

На 10.07.2019 година во 08:45 часот во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје пријавила дека од установата самоволно се оддалечил штитеникот М.Е.(17).

Тој претходно неколку пати се оддалечувал и бил враќан од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.