сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Инфомакс: Пукање во Чаир, по расправија во близина на штаб на ДУИ

Инфомакс: Пукање во Чаир, по расправија во близина на штаб на ДУИ

Полицијата во моментов интервенира на територијата на општина Чаир откако по жестока расправија и физичка пресметка било посегнато и по огнено оружје. Во моментов немаме информации сега за сега која е причната за немилиот настан, пишува порталот Инфомакс.

Според информациите со кои што располагаме случувањата се одвивале во близина на штаб на ДУИ, па се поставува прашањето дали се работи за внатрепартиска пресметка. Со оглед на историјата ваквите пресметки во ДУИ во кои било употребено и огнено оружје не се реткост.

Како што претходно посочивме, било посегнато по огнено оржује, но сега засега немаме информации дали имало и пукање. Следете не за повеќе детали во текот на денот.

ЕУРО 2020

Македонија