сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Инцидент во средно училиште во Кичево – момчиња се тепале со метални предмети

Инцидент во средно училиште во Кичево – момчиња се тепале со метални предмети

Вчера во 10 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека во средно училиште дошло до физичка пресметка.

Како што информира МВР, пресметката настанала меѓу 17- годишник од село Преглово и 15-годишник од село Пласница поради меѓусебно нетрпение, во која биле употребени и метални предмети, а со повреда се здобил 17-годишник кој се обидел да ги раздели.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.