четврток, 4. март 2021. Вести денес: 81
home Хроника

Инцидент во Сопиште: Багер се излизгал од пат, тешко повреден маж

Инцидент во Сопиште: Багер се излизгал од пат, тешко повреден маж

Инцидент во кој едно лице е тешко повредено се случил вчера околу 19 часот во скопско Сопиште.

Од МВР информираат дека додека П.А.(30) од с.Ракотинци управувал работна машина-багер, со скопски регистарски ознаки, машината се излизгала од коловозот и го повредила Т.А. од с.Сопиште.

-Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, истакнуваат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус