среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Хроника

Инцидент во „Макстил“, повреден работник

Инцидент во „Макстил“, повреден работник

Во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница на „Макстил“ АД е настанат инцидент при што е повреден еден вработен, информира денеска компанијата.

– На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во Ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност, се наведува во соопштението.

„Макстил“ информира дека случајот е пријавен во надлежните институции, чии екипи излегле веднаш на самото место на настанот.

– „Макстил“ АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите. Јавноста ќе биде навремено информирана со повеќе информации и детали во моментот кога тие ќе бидат достапни, се додава во соопштението.

Локални избори 2021