четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 133
home Хроника

Инцидент во брзата помош во Берово: При преглед на сопругата маж ја нападнал медицинската сестра

Инцидент во брзата помош во Берово: При преглед на сопругата маж ја нападнал медицинската сестра

Полициската станица Берово поднесе кривична пријава против О.К. (27) од тој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

МВР информира дека на 6 мај околу 21 часот во просториите на Итната медицинска помош во Здравствен дом во Берово, при преглед на неговата сопруга, пријавениот упатувал закани кон медицинската сестра Ш.М., по што и физички ја нападнал.

(Миа)