среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 28
home Хроника

Инцидент во близина на македонско- бугарската граница: Геодет паднал во дупка, со тешки повреди пренесен во болница

Инцидент во близина на македонско- бугарската граница: Геодет паднал во дупка, со тешки повреди пренесен во болница

Во текот на вчерашниот ден околу  14:00 часот  во  непосредна близина на македонско- бугарската граница, геодетот В.З.(53) од Делчево, вработен во Агенцијата за катастар и недвижности, додека извршувал работни задачи поради нерамен терен, стапнал во вдлабнатина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Укажана му е прва помош од Итна медицинска помош, по што е пренесен и задржан во Медицински центар Струмица за понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.