петок, 21. септември 2018. Вести денес: 68
home Хроника

Инцидент во автобус на ЈСП: Контролот му удрил бокс на патник откако му го проверил билетот и побарал повторно да плати

Инцидент во автобус на ЈСП: Контролот му удрил бокс на патник откако му го проверил билетот и побарал повторно да плати

Во текот на вчерашниот ден во 19:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Т.Б.(28) пријавил дека истиот ден околу 16,45 часот на улицата “Љубљанска“ во автобус на ЈСП број 15, од страна на контролор на ЈСП бил физички нападнат со тупаница во пределот на устата, информираат од МВР.

Според пријавата контролорот дошол до Т.Б., му побарал билет и откога проверил, побарал од пријавителот да плати повторно карта. Тој одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.