понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 51
home Хроника

Инцидент во автобус на ЈСП- 4 лица приведени

Инцидент во автобус на ЈСП- 4 лица приведени

Четири лица се приведени по инцидент кој настанал во автобус на ЈСП во Скопје, информира МВР.

Вчера во околу 19:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус, кој сообраќал од Транспортен Центар кон населба Ченто, бил нарушен јавниот ред и мир.

Според пријавеното, неколку лица упатувале навреди кон А.П.(17), В.М.(16) и Ф.К.(17), сите од Скопје, по што физички ги нападнале А.П. и В.М.. По преземени мерки, околу 20:30 часот, во врска со настанот биле приведени Р. А.(21), Е.А.(15), Ф.Б.(14) и Б.Р.(15), сите од Скопје. Полицијата мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус