петок, 24. март 2023. Вести денес: 3
home Хроника

Инцидент пред црква во Илинден: Нападнат полицаец

Инцидент пред црква во Илинден: Нападнат полицаец

Ноќеска околу 01:45 часот на паркинг просторот кај црквата „Свети Констанин и Елена“ во населба Илинден- Скопје, при преземање мерки за спречување на нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица, полициски службеник бил физички нападнат од Р.Г.(20) од село Марино, скопско.

Р.Г. бил приведен во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

loading...