вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Инцидент по натпревар меѓу фудбалските клубови Брегалница и Тиквеш – приведен штипјанец

Инцидент по натпревар меѓу фудбалските клубови Брегалница и Тиквеш – приведен штипјанец

Инцидент се случи синоќа по натреварот меѓу Брегалница и Тиквеш 1930. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека во 21:15 часот, 28-годишниот Д. М., член на навивачката група „Фаланга“ од Штип, на улицата „Партизанска“ го нарушил јавниот ред и мир.

– Тој се обидел со камења да фрла кон возилата на навивачката група „Лозари“ од Кавадарци, но бил спречен и приведен во Полициската станица Штип. По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, вели Панајотова.